
Истиот закон предвидува и дека на пијаните туристи им се забранува влез и дека не е дозволена храна.
Акропол во Атина е една од најпосетуваните дестинации во Грција, а посетителите треба да знаат дека носењето погрешни обувки може скапо да ги чини.
Бидејќи е древен археолошки локалитет, на Грците им е многу важно што е можно подобро да го зачуваат.
Но, покрај претераниот туризам или екстремно високите летни температури кои можат да влијаат на целокупната атмосфера, надлежните потсетуваат и на правило воведено уште во 2009 година.
Имено, штиклите треба да ги оставите дома за да не ги оштетите древните ѕидини.
Секој што не го почитува законот може да плати казна од 900 евра, што не е мала сума.
Покрај тоа, би било многу тешко да се оди по камењата и скалите во несоодветни обувки, па тоа е уште една причина зошто треба да заборавите на високите потпетици.
Штиклите се забранети на повеќето грчки историски места за да се избегне оштетување на скапоцениот мермер.
Истиот закон предвидува и дека на пијаните туристи им се забранува влез и дека не е дозволена храна.
Ова не е единственото необично правило кое главно се однесува на туристите. На пример, во Венеција е забрането да се хранат гулабите, а пропишаната казна може да достигне 700 евра.
Италија исто така прави сѐ за да ги заштити историските споменици, па затоа не е дозволено скокање во познатата фонтана ди Треви во Рим. Кој ќе реши да се разлади ќе треба да плати околу 500 евра.