
Компанијата „Рамбл“ на канадскo-американскиот бизнисмен со македонско потекло, Крис Павловски, отвори подружница во Македонија, објави „Призма“. Павловски е истакнат поддржувач на Доналд Трамп и пријател на најбогатиот човек на светот Илон Маск.
Официјалната дејност на „Румбле Клауд Дооел Скопје“ е „компјутерска инфраструктура, обработка на податоци, серверски услуги и сродни дејности“.
Павловски е основач на платформата „Рамбл“, која е замислена како алтернатива на „Јутјуб“. Неодамна, Павловски стана милијардер благодарение на инвестицијата од 775 милиони долари од криптогигантот „Титер“. „Форбс“ проценува дека вкупното богатство на Павловски сега изнесува околу 1,3 милијарди долари. Акционери во „Рамбл“ се Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД и потпретседателот на Трамп, Џеј Ди Венс.
Целата вест прочитајте ја на: slobodenpecat.mk