
Во декември 2024, просечната нето плата во Македонија изнесувала 43.587 денари, што претставува зголемување од 9% во однос на истиот месец во 2023 година, според податоците на Државниот завод за статистика.
Највисоки плати забележани се во секторите: воздухопловен транспорт (136.702 денари), програмерски услуги (101.972 денари) и складирање и превоз (68.919 денари). Платите се зголемиле и во секторите како што се научно истражување и развој (65.776 денари), како и финансиски услуги (61.347 денари).
Од друга страна, најниски плати имаат вработените во заштитни и истражни дејности (25.669 денари), рибарството (26.547 денари), и услужните дејности поврзани со одржување на згради и животната средина (27.185 денари).
Просечната бруто плата во декември изнесувала 65.582 денари.