Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2019 година изнесува 36.017 денари.
Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2019 година (согласно член 15 и член 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).
- Најниската основица за пресметка на придонесите за 2019 година изнесува 18.008,00 денари (50% од 36.017)
- Највисока основица за пресметка на придонесите за 2019 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 576.272,00 денари (16 x 36.017)
- Највисока основица за пресметка на придонесите за 2019 година за самовработено лице изнесува 432.204,00 денари (12 x 36.017)
Новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН, што го содржи новиот параметар, обврзниците може да ја преземат од интернет страната на УЈП.