
Познатата хрватска травел-блогерка Бојана Станковиќ која го води инстаграм профилот „свјетскипутник“ објави видео од патувањето во Скопје!
Како што сподели во својата инстаграм објава, нивна прва дестинација била Скопје!
- Запознавме прекрасни и срдечни луѓе, дознавме неверојатни приказни, се дружевме со кучиња и мачки... Преминувавме мостови, јадевме превкусна храна, пиевме вино, пиевме локално пиво... Децата пробаа „газоза“... напиша таа во описот на видеото.
Во компилацијата на фотографии од Скопје, таа направи и интересна паралела со знаменитосите од светските метрополи!
Не е Венеција, не е Берлин, не е Сараево, ниту Париз...Ниту Турција, Лондон...Позрав од Скопје!
Најави дека продолжуваат со посета на Охрид.