
Новите археолошки наоди во провинцијата Шандонг ја ревидираат претходната временска рамка во која бил изведен овој огромен инженерски потфат.
Во периодот од мај до декември минатата година, во Гуангли, село лоцирано во областа Чангкинг во Џинан, биле реализирани серија археолошки ископувања кои опфатиле околу 1100 m2. Користејќи оптички стимулирана луминисценција (optically stimulated luminescence – OSL) и со датирање со јаглерод, истражувачите анализирале повеќе традиционални артефакти, растителна силика и и животински коски, со цел одобро да го разберат опсегот на работи во изведбата на тамошниот дел од Кинескиот ѕид и каков бил животот во тоа време.
Археолошките наоди вклучувале патишта, темели од станбени објекти, ровови, објекти од набиена земја, потпорни ѕидови, пепелни јами и ѕидови на згради подигнати во различни фази од развој.
Жанг Су (Zhang Su), водач на проектот од провинцискиот Институт за културни реликвии и археологија во Шандонг, во неговата изјава објаснува дека локалитетот се чини дека е поделен во три фази. Првите две се претходни изведби, со ѕидови широки 10 метри кои веројатно датираат уште од династијата Жоу за време на Пролетниот и Есенскиот период (1046-256 п.н.е.). Третиот дел, изграден во врвот на династијата Чи за време на Периодот на завојувани држави (475-221 п.н.е.) е најдобро сочуван и од него може да се види како понапредните инженерски стратегии им овозможиле на работниците да ја прошират дебелината / широчината на ѕидовите до 30 метри.
Во неговите изјави за Глобал Тајмс дадени минатата недела, Лиу Женг, член на Кинеското друштво на културни реликвии, го опишува откритието како „најраниот познат Кинески ѕид во Кина“.
Археолозите пронајдоа вредни информации и под самиот Кинески ѕид: две резиденции од време на династијата Жоу во северниот дел на локалитетот каде се реализирани ископувањата. Остатоците кои се одликуваат со квадратни темели и заоблени агли, се во согласност со полуподземните домови од тој временски период и укажуваат на тоа дека пред градежните работи на ѕидот во тој дел мошне веројатно постоела мала населба што сосема извесно била поврзана со одбрамбените речни позиции. Конечно, проектот, исто така, ги совпаднал доказите за постоењето на заедница 1,5 километри северно од Кинескиот ѕид во правец на градот Пингјин, којашто се споменува во голем број антички историски текстови.
„Поставеноста, локацијата и поврзаната инфраструктура на Кинескиот ѕид на Чи [најстарата секција од Големиот кинески ѕид] го одразуваат напредното воено планирање и стратешките одговори на државата кон надворешните закани“, објаснува Жанг, додавајќи дека „неговата тесна врска со Пингјин укажува дека ѕидот служел не само како одбранбена структура, туку играл и стратешка улога во контролирањето на клучните транспортни рути“.
Извор: emiter.com.mk