Не е невообичаено за работодавачите да добиваат голем број на апликации од кандидати кои повеќе или помалку ги исполнуваат условите за работа. Тие донесуваат одлуки за вработување преку споредување на овие кандидати. Барањето да објасните што е толку карактеристично за вас како апликант им помага на работодавачите да одлучат дали сте правиот избор за позицијата.
Во повеќето случаи не знаете со кого се натпреварувате за работата и какви се квалитети поседува вашата конкуренција. Прашањето "Што ве прави подобри од другите?" е шанса да ги сумирате вашите вештини и да ставите акцент на нешто што сметате дека ќе ве издвои од типичниот кандидат.
За да можете да дадете што е можно поцврст одговор на ова прашање треба добро да се подготвите. Тоа значи да направите анализа на барањата за работа и да одлучите кое од нив изгледа како најважна вештина што треба да се поседува. Разгледувањето на овие информации ќе ви помогне да дознаете што конкретната организација најмногу вреднува кај кандидатите. Некои од квалификациите ќе бидат задолжителни за позицијата, а некои само ќе ви дадат предност доколку ги поседувате. Најдобро ќе биде доколку внимателно ги погледнете сите.
Доколку самиот оглас не нуди доволно информации за квалификациите, тогаш побарајте слични објави за слични работни позиции и пробајте да дознаете кои би биле главните вештини потребни за позицијата за која сакате да аплицирате.
Искористете ги информациите што сте ги собрале и направете листа која ќе ги содржи петте најважни квалификации што идеалниот кандидат треба да ги поседува. Проверете ја листата и размислете како претходно сте ги примениле тие вештини во вашата тековна или претходна работна позиција. Оваа листа нека ве води во текот на интервјуто. На овој начин несомнено ќе оставите впечаток и ќе добиете на предност.