
„Tecno“ го претстави најтенкиот паметен телефон во светот – „Spark Slim“ – на Светскиот конгрес за мобилни телефони во Барселона.
Концептниот телефон „Tecno Spark Slim“ беше прикажан за време на настанот MWC 2025 во Барселона. „Tecno“ го промовира овој уред како најтенкиот телефон на светот, а неговата дебелина е само 5,75 милиметри.
Во секој случај, „Tecno Spark Slim“ користи 6,78″ 3D Curved AMOLED дисплеј (1224p) со стапка на освежување од 144Hz. Максималната осветленост на екранот е 4500 nits. „Spark Slim“ има две камери од 50MP на задната страна, додека има селфи камера од 13MP на предната страна.
Батеријата, со капацитет од 5.200 mAh, е дебела само 4,04 mm и поддржува брзо полнење од 45 W. Од „Tecno“ не објавија кој чип го напојува телефонот, само посочи дека има octa-core CPU.
Извор: denar.mk