
Албанија донесе драстична мерка – забрана на популарната кинеска апликација "TikTok" во времетраење од една година.
Одлуката ќе стапи на сила за неколку дена и ќе важи сè додека платформата не ги имплементира потребните безбедносни и возрасни стандарди за малолетни корисници.
Министерката за национално образование и спорт, Огерта Манастирлиу, потврди дека забраната е донесена по консултација со 65.000 родители низ целата земја.
Оваа мерка следи по трагичен настан во кој ученик од основно училиште уби свој врсник, а конфликтот наводно започнал преку "TikTok".
Извор: tocka.com.mk