
Осмомартовскиот викенд ги наполни Охрид и Струга со туристки од Балканските држави. Стотици жени од Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија, Грција и Србија уживаа во прошетките со брод низ езерото и шопинг во локалните дуќани. Но овој 8-ми март беше посебен за дваесеттина жени од Црна Гора, кои на подарок добија од надалеку познатиот Охридски бисер.
„Оваа година е 16 по ред. Ова е една убава традиција која продолжува и која ја осмисливме со туристичкиот водич Љупчо Јузмески. Оваа година имаме група од Црна Гора и ни претставуува задоволство што со едно симболично подарување по повод Денот на жената, од брендот Охридски бисер, овозможивме да се пријатно чуствуваат и со подарување на еден цвет, кој ја симболизира осмомартовската среќа на една дама, а дамите треба да се почитуваат секој ден“, рече Михајло Филев-изработувач на Охридски бисер.
Туристките од Црна Гора велат дека овој 8 ми март ќе го паметат долго време.
„Втор пат сум во Охрид.Најмногу ми се допаѓа вашето гостопримство, вашата историја и како од едно езеро, направивите огромен туризам Се е убаво, чисто и презадоволни сме.Вреден поклон добивме, кое беше изненадување и навистина сме благодарни на тоа“, рече Туристка од Црна Гора.
„Дводневен аранжман со две ноќевање, појадок, туристички водич, и превоз е околу 80 евра. Тоа е една од поефтините дестинации“.За разлика од стандардот кај нас, не е толку многу скапо“, рече Дејана Булатович-сопственичка на туристичка агенција од Црна Гора.
Гостинките има што да видат, бидејки има бројни места кои треба да се посетат.
„Туристите прашуваат кои се најубавите сегменти од Охрид, кои можат да ги видат. Тоа е секако центарот на Охрид,споменикот на Свети Климент, црквата Света Софија, Античкиот театар, Света Богородица Перивлепта, Плаошник, тврдината. Незаменливиот Свети Јован Канео.Тие се точките каде туристите најмногу доаѓаат во Охрид“, рече Љупчо Јузмески-туристички водич .
Солидна исполнетост бележат хотелите и приватните сместувачки капацитети, по долгата зима, кога дел од нив ставија клуч на врата, поради високите трошоци кои ги имаат во зимските месеци. Туристичките работници очекуваат успешна туристичка сезона, а за тоа велат говорат најавите и веќе букираните аранжмани од странски тур оператори./Алсат.мк