
Ова понеделничко утро (17 март) во нашата Република Македонија имаме значително пониски температури на воздухот, кои во делови од нашата Македонија се спуштија и под нулата, а во западните предели започнаа локални врнежи, кои на планините и на Скијачките центри преминуваат во врнежи од снег. Дува повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец.
Понатаму, снежната граница ќе се спушта се пониско, а врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошируваат низ Македонија.
На Метеоролошката карта можете да ги погледнете денешните минимални температури измерени низ нашата Македонија.