
Секое трето дете во Македонија живее на прагот на сиромаштија, a жените се посиромашни од мажите. Ова го покажуваат податоците на УНИЦЕФ.
Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС), во 2022 година, стапката на сиромашни лица во Македонија изнесувала 22,9 отсто.
Стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2022 година била највисока, односно 27,2 отсто.
Она што загрижува е фактот дека и покрај тоа што имале работа, стапката на сиромашни вработени лица била 8,9 отсто, а стапката на сиромашни пензионери била 9,9 отсто. Жените (22,6 отсто биле посиромашни од мажите (23,1 отсто), а како најзагрозени се сметаат оние во групата од 0 до 17 години, бидејќи немале никакви приходи. Воопшто најподложни на сиромаштија биле самохраните родители со издржувани деца – 51,8 отсто.
Извор: faktor.mk