Џек Ма, претседател на групацијата Alibaba, присуствуваше на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос и таму сподели неколку корисни совети за младите претприемачи.
Во далечната 1999 година, Џек Ма беше еден од основачите на компанијата која подоцна ќе стане глобален комерцијален гигант – Alibaba.
Дваесет години подоцна, тој се уште е во полет – и има многу совети за младите глобални претприемачи кои се собраа да го слушнат неговото обраќање во Давос во 2019 година.
Во продолжение, ви пренесуваме неколку најзначајни цитати од неговиот говор.
1. “Се разбира, се плаше и бев полн со сомнежи кога ја основав Alibaba, но силно верував дека некој, ако не ние, сигурно ќе успее. Не постојат експерти за утре, туку само за вчера“.
2. “Во бизнисот, никогаш немојте да се преоптеретувате со конкуренцијата, никогаш не мислете на неа само поради притисокот кој го чувствувате. Ако се грижите поради притисокот, немојте воопшто да бидете претприемачи. Ако создавате вредност, имате шанса. Денес целиот деловен свет е загрижен. Тоа значи дека има премногу можности кои треба да се искористат“.
3. “Вашата прва работа е најважна. Таа не мора да биде во некоја позната компанија, но треба да најдете добар шеф, од кој најпрво ќе научите како да се биде човек, а потоа и како да се прават работите правилно.“
4. “Како можеме да ги научиме децата да бидат креативни и да прават работи кои машините не можат да ги направат? Машините имаат чипови, но луѓето имаат срце. Образованието треба да се движи во таа насока“.
5. “Што ме држи мене буден во текот на ноќта? Ништо! Ако јас не се наспијам убаво, проблемот и понатаму ќе постои. Ако спијам доволно, имам подобра шанса да се справам со него“.
6. “За да управувате со паметни луѓе, мора да користите деловна култура и систем на вредности бидејќи тие треба да веруваат во она што го прават. Ако сакате да се потпирате на правила и прописи со цел да ги контролирате – така се контролираат само глупави луѓе“.
7. “Кога вработувам луѓе, ги одбирам тие што е попаметни од мене. Луѓе коишто за четири или пет години би можеле да ми бидат менаџери на мене. Најмногу сакам позитивни луѓе кои никогаш не се откажуваат“.