Денес ќе се задржи променливо облачно време со локални слаби врнежи.
Од петок како што веќе најавивме, под влијание на изразено јужно и југозападно воздушно струење ќе имаме ГОЛЕМ пораст на температурите кој за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, истите ќе бидат значително над просекот и ќе бидат повисоки од нормалните дури за околу 10 степени, објави метеорологот Славчо Попвски.
За време на викендот се очекува стабилно време со пораст на температурите, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка.
По котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.
извор: press24.mk