На монетата од 2 евра и се придава исклучиво големо значење. Но, не станува збор за било која монета од 2 евра.
На задниот дел на оваа монета се наоѓа профилот на принцезата од Монако која била позната како Грејс Кели. Под профилот го има натписот "Monaco", а веднаш до него стои годината на издавање, односно во овој случај 2007-ма. На предната страна е картата на Европа која се наоѓа на десната страна од монетата.
Оваа монета е изработена во 20.000 примероци и поради тоа истата се смета за многу вредна. Голем број на колекционери се спремни да платат неколку стотици евра, а во некои ситуации цената достигнува и до 1.400 евра.
Затоа, од сега па натака, секој пат кога ќе имате во рака монета од 2 евра - добро погледнете ја.