ЈАВЕН ОГЛАС
за ангажирање на 200 (двесте) лица за вршење јавни работи за периодот на 2019 година
Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата за јавни работи на територија на Општина Аеродромза периодотдо 31. 12. 2019 година, заработно ангажирање со полно работно време односно 40 часа неделно.
Обврски на ангажираните работници ќе бидат: одржување на чистотата/ хигиената на јавните површини (чистење на смет, празнење на уличните корпи за отпадоци, чистење/собирање на суви лисја, гранки и сл. одржување на зеленилото на јавните површини и парковите на територија на општина Аеродром (косење трева, поткастрување гранки и сл. одржување на локалните улици, патишта, јавни пешачки површини и тротоари во зимски услови на подрачјето на општина Аеродром (чистење на снег на пешачките премини, пешачките патеки, плочници и тротоари, целосно чистење на мостовите, чистење на снег од уличните клупи и корпи за отпадоци) и сл.
Висината на дневниот паричен надоместок изнесува 550, 00 денари.