Не е тајна дека повеќето луѓе го мразат понеделник.
Меѓутоа, ако ја сакате вашата работа, понеделникот претставува нов почеток каде треба да се соочите со нови професионални предизвици со можност за неограничен потенцијал.
Остварете го тој потенцијал со помош на овие 5 задачи кои треба да ги направите во понеделник наутро за да имате успешна работна недела.
1. Започнете порано. Пристигнете на работа малку порано за да добиете отскок во новата работна недела. Пронајдете време да размислите за вашите приоритети за оваа недела и да започнете со креирање на план.
2. Поставете нова цел. Секој понеделник, треба да поставите нова цел за претстојната работна недела. Додека ја пишувате целта за оваа недела, треба да размислите и за тоа колку успешно сте ја оствариле целта од минатата недела. Ако имавте проблеми, запрашајте се како може да се подобрите.
3. Закажете состаноци. Понеделник е совршено време за закажување состаноци бидејќи термините се поприлично слободни на почетокот на неделата. Размислете за тоа со кого треба да се сретнете оваа недела и искористете ги понеделничките утра за да ги закажете овие состаноци.
4. Покажете благодарност. Секој понеделник, одберете една личност на која ќе и се заблагодарите за добро завршената работа. Вашите колеги ќе бидат многу мотивирани од вашата пофалба и тоа за нив ќе претставува дополнителен boost во новата работна недела. Овој чин на благодарност може да биде во форма на краток мејл, подарок или заеднички доручек – редовната навика на покажување благодарност е многу важна за вас и вашата работна околина.
5. Направете проценка на претстојните предизвици. Новите предизвици се појавуваат цело време. На почетокот на секоја недела, издвојте малку простор да размислите за тоа кои проблеми треба да се решат и како да ги неутрализирате малите дистракции кои го одвлекуваат вашето внимание.
Додадете ги овие едноставни навики во вашата понеделничка рутина и ќе откриете дека понеделник може да биде ден кој со нетрпение го очекувате, ден каде ја поставувате вашата визија и ги забележувате големите нешта кои се случуваат околу вас.