Од станување рано наутро, до медитирање и трчање пред почетокот на работниот ден. Дали некогаш сте се запрашале што прават наутро некои од најпознатите светски милијардери?
Марк Цукенберг доколку не работи цела вечер, станува во 8 часот. Ги проверува новостите во светот и се подготвува за работа. Секој ден ја носи истата маица. Марк смета дека на овој начин тој заштедува многу време.
Џек Дорси, основачот на Твитер, се буди во 5 и 30 часот. Утрото му започнува со медитирање кое трае половина час, а веднаш потоа следи џогирање.
Американскиот бизнисмен Тим Армстронг станува во 5 часот. Најпрво чита, па потоа вежба. Денот му продолжува со тестирање на продукти и одговарање на мејлови.
Опра Винфри медитира 20 минути. Потоа следи трчање на лента. Утрото го завршува со подготвување на здрав оброк богат со јаглехидрати и протеини.
Поранешниот претседател Барак Обама станувал 2 часа порано пред да започнат неговите обврски. Ниедно утро не му почнувало без физичка активност. Бидејќи Обама не пие кафе, зелениот чај, сокот од портокал и многу вода биле дел од неговото секојдневно мени. По утринската вежба и појадокот, Барак ја прегледувал содржината на Њујорк Тајмс.
Бил Гејтс прави кардио вежби чим се разбуди, а додека трча на лента гледа едукативни видеа. Доколку има време за појадок, Гејтс е голем обожавател на житарки.