Без оглед на тоа дали ги сакаме нашите колеги или не, сепак минуваме голем дел од денот со нив. Веројатно нечие смеење ви оди на нерви или нечие брзо зборување ве излудува. Но, морате да знаете дека и кога станува збор за вас, вашите колеги имаат одредени работи кои можеби им пречат повеќе отколку што мислите.
„Тоа не е моја работа“– Кога некому велите дека тоа не е ваша работа е како да кажувате некому дека нема да помогнете, ако не морате. Доколку некој мисли дека тоа е ваша работа, а тоа не е така, упатете ги до личноста која е одговорна за конкретната задача. Доколку некој побара помош за задача или проект кои не се ваша работа, помогнете му.
Се чудите на унапредувањата – Тоа е некултурно и непрофесионално. И онака знаете дека не секогаш најдобриот ја заслужува наградата. Не одете наоколу чудејќи се, објаснувајќи и прашувајќи ги другите, бидејќи кога ќе стигнете на ред за унапредување, истото ќе ви се случи и вам.
„Не кажувај никому, но…“ – Избегнувајте ги озборувањата, доколку можете. Знаеме дека тие се чести на работа, но барем потрудете се вие да не ги започнувате. Не зборувајте негативно за колегите, бидејќи така само ќе успеете да си го изгубите кредибилитетот, ништо повеќе.
Раскажувања за претходната вечер – Верувајте, колку и да ви е интересно вам, никој не сака да слуша за лудо поминатата вечер. Дури и да има луѓе на кои им е интересно да слушнат како сте си поминале, сепак мнозинството се оние кои не ги интересира, ни малку.
Објаснувања дека немате време за нешто – Ништо не е поужасно на работното место од оние луѓе кои велат дека немаат време за ништо. Дури навистина да сте претрупани со работа, веројатно повторно ваш недостаток е тоа што не знаете да се организирате. Кога велите „немам време за тоа“ тоа во превод значи „не сакам да ја правам таа конкретна работа“.
Непотребно долги прашања – Во ред е доколку сакате активно да учествувате на состаноците, но многуте прашања никому не му се забавни. Особено доколку нивните одговори се очигледни.
„Тоа не е моја вина“ – Дури и да не сте сосема виновни, сепак прифатете ја вашата улога во неуспешната приказна. Признајте дека сте згрешиле. Бидете подготвени да добиете критики и да ја наведнете главата штом ќе згрешите.