Прашањето за хоби може да открие многу работи за вас
“Кое е вашето омилено хоби“ или “Што правите во слободно време“ се прашања кои голем број работодавци им ги поставуваат на кандидатите за време на процесот на селекција.
Од друга страна, голем број работобаратели се прашуваат “Како моето хоби може да биде поврзано со тоа што треба да го работам“.
Сепак, пред да кажете нешто како играње фудбал, читање книги, гледање филмови и слично, добро размислете за тоа бидејќи одговорот ќе открие дел од вашите лични карактеристики кои се многу важни во носењето одлука дали ќе ја добиете работата или не.
Некои од вашите хобија или интереси, како на пример, патувања на вашиот иден работодавач му покажува дека вие сте личност која сака да планира.
Токму од оваа причина, од особена важност е внимателно да направите листа на хобија, но не да ги изберете само тие кои се директно поврзани со вашето идно работно место.
Еве неколку примери за тоа како вашето хоби може на работодавачот да му открие дополнителни вештини и способности кои вие ги поседувате:
Ориентирани сте кон тимска работа
Имајќи предвид дека на голем број работни места е потребна тимска работа и поддршка за колегите, вреди да се споменат неколку активности од вашиот приватен живот кои зборуваат за вас дека сте тимски играч. На пример, такви активности може да бидат: играње фудбал, волонтирање во локалната заедница и слично.
Поседувате лидерски вештини
Доколку кажете дека сте претседател на куќниот совет или клуб на читатели во локалната библиотека, тоа е доволно за работодавачот да увиди дека сте лице кое е подготвено да преземе иницијатива за да ја заврши работата што и е доверена на вистинскиот начин.
Активно работите на подобрување на своите вештини
При изборот на соодветен кандидат за одредено работно место, на работодавачот му е многу важно тоа да биде мотивиран кандидат кој секогаш е подготвен да ги прошири своите знаења и вештини. Затоа е важно кога ќе зборувате за вашето хоби да напоменете дека ги следите најновите новости во тоа поле, купувате опрема и постојано се надградувате себеси. Тоа е еден од показателите што ќе му укаже на работодавачот дека вие сте вистинската личност за работата што ја нуди.
Вие сте сестрани
Доколку сите вашите активности не завршуваат по работното време, туку се дружите со пријателите, посетувате различни курсеви или одите на фитнес, на работодавачот ќе му станат јасни две работи: (1) имате капацитет да градите добри односи со колегите и (2) љубопитни сте по нови знаења и изнаоѓање на нови решенија кои се повеќе од потребни за секој бизнис.
Се стремите кон постигнување на поставените цели
Ако постои една работа која може да го импресионира секој работодавач, тоа дефинитивно е вработен кој не се откажува лесно и е силно посветен на постигнување на резултати. На пример, ако најавата за лоши временски услови се заканува да го уништи вашиот излет со пријателите, а вие се фаќате за работа и правите импровизирана крошна доволно голема за да ги собере сите ваши пријатели, тоа е јасен сигнал за работодавачите дека вие сте способни да изнајдете алтернативни решенија за да ја постигнете својата цел и имате mindset на личност за која не постојат нерешливи ситуации.
Зошто е важно да имате хоби?
Важно е да знаете дека доколку на интервјуто за работа кажете дека немате никакво хови, за работодавачот тоа може да биде јасна индикација дека вие сте човек кој не прави активности кои ќе помогнат во процесот на регенерација и надополнување на батериите кои се неопходни за максимален effort на работното место. Запомнете дека вашите активности кои се надвор од вашето работно место може да му откријат на работодавачот какви всушност ќе бидете вие на работното место и затоа е потребно да обрнете посебно внимание на прашањето за хоби.