Словенците се навистина креативни кога станува збор за потрага по нови или задржување на тековни вработени. На пример, компанијата Кнауф за да ги задржи своите вработени во Словенија им ја зголеми платата на 1.500 евра.
Словенија се соочува со недостиг на работници. Токму затоа и еден од најголемите светски производители на издувни системи, недостатокот на заварувачи го решава преку стимулација на своите вработени.
Кој ќе препорача или ќе донесе нов вработен, добива финансиска стимулација од 250 евра, пренесува ХРТ.
Словенија е извозно ориентирана економија (извозот изнесува 80% од БДП). Во последните четири години, износот на странските инвестиции е поголем за 4.5 милијарди евра, а најмногу се инвестира во малите и неразвиени средини.
Законот за практиканство веќе им овозможува на средношколците да учат и да останат кај потенцијалните работодавци.
До 2021 година, минималната плата ќе се зголеми на околу 730 евра, а во моментов границата е поставена на 640 евра.
Работодавците стравуваат дека привлекувањето на инвеститори кои нудат натпросечни плати ќе доведе до генерално зголемување на цената на трудот и пораст на животниот стандард.