Стив Џобс зад себе остави многу успешни компании, но тој не дошол до тој успех со постојано почитување на правилата. Џобс бил вешт во убедувањето и охрабрувањето на другите луѓе, како и во користењето на неколку тактики на манипулација.
Ова се некои од нив:
Покажете силни емоции
Џобс бил уметник кога станувало збор за презентирање. Еден истакнат трубач, Винтон Марсалис, откри дека при една средба со него, Џобс речиси два часа го убедувал зошто треба да ја поддржи услугата на iTunes. Ист пристап Џобс користел и кога со одделот за огласување на Apple работел на нови реклами.
Бидете брутално искрени
Џобс бил познат по тоа што јасно го изразувал своето мислење пред лицата на соговорниците. Иако тоа често знаело да биде незгодно, сепак бруталната искреност била неговото мото и начин на работа.
Искористете го својот шарм
Луѓето секогаш бараат одобрување за нивните постапки, па поради тоа тие добро реагираат на позитивини коментари. Ако им ги давате редовно, после некое време ќе почнат да им недостигаат.
Проблемите решавајте ги веднаш
Џобс никогаш не сакал премногу сложени проблеми, особено ако го терале да прави отстапки. Затоа, ваквите ситуации и луѓето кои го ставале во истите, едноставно ги игнорирал. Тактиките на ниски отпорни линии се покажале како ефикасни во неколку наврати.
Не прифаќајте ништо помалку од совршено
На Џобс никогаш не му било доволно само да ја победи конкуренцијата и да заработи, туку тој сакал да го направи најдобриот производ. Токму тоа стремење кон совршенство го направија еден од најбогатите луѓе во светот.