Никогаш не потценувајте ја моќта на квалитетното време вложено во себе! Се што ви треба по напорниот ден и сите дневни обврски е опуштање и уживање за духот и телото. Новоотворениот ултра модерен центар за убавина Beautela – art of beauty е вистинското место. Новиот салон се наоѓа на влезот на општината Кисела Вода, на адреса „Сава Ковачевиќ“ бр.1.
Ќе ве пречекаат вистински професионалци кои ќе ви понудат голем избор на третмани комбинирани со професионална козметика за нега на Вашето лице и тело. Богатата понуда на Beautela вклучува третмани на лице со професионална козметика и апаративни третмани, третмани на тело, фризерски услуги, масажи, маникир, педикир, депилација...
Имате можност да го затегнете Вашето тело со најновите и револуционерни Liposlim System и Ultra Countour Touch. Овозможете и на Вашата кожа повторно да дише со најновиот Dermo Oxy. Дозволете си професионален ритуал за убавина и нега на кожата на Вашето лице со професионалните Babor и Jansen козметика.
Закажете уште веднаш! Beautela ве очекува.