Здравствените институции работат на ново решение за документ што треба да го поседуваат граѓаните при добивање лекарски услуги. Картичките, чие времетраење е поминато, се вон функција, но и оние што се уште имаат рок, лекарите не ги бараат, па граѓаните ги остваруваат лекарските услуги со старите книшки.
Ниту Министерството за здравство ниту Фондот не го навестуваат можното решение.
-Формирана е работна група со претставници на Министерството за здравство, Фондот за здравство, единицата за електронско здравство и Факултетот за компјутерски науки, која изготви предлог за континуирано обезбедување на електронски услуги во здравствениот систем.
Анализирани се процесите каде треба да се користи сегашната електронска здравствена картичка и дигиталниот сертификат. Во согласност со собраните информации, работната група подготви краткорочни и долгорочни решенија за надминување на проблемот со користењето на здравствените услуги, велат од Министерството за здравство за „Алсат“.