Многу луѓе имаат навика да заспиваат со вклучен телевизор и велат дека така полесно тонат во сон. Ако и вие сте дел од таа група, тогаш мора да знаете дека тоа ви го пореметува процесот на спиење и остава последици на вашето здравје.
Научниците се единствени – човечкото тело треба да спие во целосен мрак. Кога сонцето ќе излезе и ќе се појави дневната светлина, рецепторите на светлина во мрежницата ни испраќаат сигнал дека е време за будење и спречуваат создавање мелатонин (хормон за спиење) во организмот.
Ситуацијата е обратна кога ќе падне мрак. Тогаш телото добива сигнал дека е време за кревет и не поттикнува на спиење испуштајќи мелатонин. Ако во моментот сте изложени на силен извор на светлина како вклучен телевизор, тогаш ќе имате немирен сон бидејќи светлината значително ги пореметува основните телесни функции, циркадијарниот ритам и влегувањето во фаза на спиење во која најдобро ќе се одморите.
Тоа резултира со чувство на поспаност, лошо расположение и тешкотии кога ќе се пробудите.
Истото важи и за спиењето со вклучен компјутер или пригушени светла – невролошките истражувања покажале дека тие доведуваат до лошо расположение.
Обидете се да се решите од овие навики. Ако сепак не можете да заспиете без телевизор, задолжително подесете го на автоматско исклучување.