Солета е успешна Македонска приказна која во изминатите 20 години со труд и напорна работа успеа да се изгради во препознатлив бренд со широк асортиман производи со врвен квалитет.
Покрај квалитетот кој е неоспорлив, за нив најважен е нивниот тим. Во Солета знаат дека само среќен и задоволен вработен е успешен вработен и само таков може да и помогне на компанијата да ги оствари своите стратешки цели. Доказ за тоа се вработените кои од првиот ден на отварањето на компанијата се дел од неа и ден денес со насмевка се сеќаваат на првиот работен ден.
Ги прашавме каков треба да биде идеалниот вработен во нивниот тим и добивме многу интересни одговори:
НЕ МОРА ДА ЗНАЕ СЕ, НЕКА БИДЕ ПРОАКТИВЕН И НЕКА САКА ДА УЧИ – Во нашиот тим имаме доволно професионалци во својата област, како и искусен менаџерски тим и сите се отворени за споделување на своите знаења и експертиза со новите колеги. Затоа, секој кој е одговорен, иницијативен и флексибилен е добредојден во Солета. Од сите вработени се очекува постојано да работат на надоградување на личниот и професионален развој, а ние безрезервно им помагаме во тоа.
ДА САКА ДА РАБОТИ ВО ТИМ – Ние сме големо семејство од 110 вработени и тајната на нашиот успех е што функционираме баш така. Имаме систем на организација и работа кој е воспоставен уште од првиот работен ден и беспрекорно фукнкционира. Само со меѓусебна поддршка со вработените може да ги оствариме нашите цели и да работиме посветено и со интегритет.
ДА НЕ СЕ ПЛАШИ ДА НАУЧИ И ДА ПРИМЕНИ НЕШТО НОВО – Ние сме компанија која постојано вложува во обуки, нови процеси и нови технологии. Работиме според највисоки технолошки стандарди од областа на месопреработката. Сите вработени добиваат екстерни и интерни обуки. За нас секој новитет и секоја промена е нов успех и предизвик кој го славиме заедно со вработените.
ДА САКА ДА НАПРЕДУВА – Како компанија може да се пофалиме со многу успешни кариерни патеки на нашите вработени.
Билјана Манасиева, вработена во сметководство од неодамна е унапредена од Финансов сметководител во Раководител на сектор сметководство.
Билјана работи од 23.01.2012 година почнувајќи како финансов сметководител. Во овие 7 изминати години се стекна со искуство од постарите и поискусни колеги и навлезе во сите сфери на финансовото работење. Покрај тоа во континуитет има присуствувано на разни екстерни и интерни обуки. По здобивањето на потребното знаење и искуство се отвори можност за нејзино унапредување во Раководител на сметководство.
Билјана има порака до сите оние коишто сакаат да ја продолжат својата професионална кариера и понатамошно усовршување:
“Почитувани колеги, не се двоумете да аплицирате на позицијата којашто моментално е отворена за Финансов сметководител бидејки можам да ви потврдам дека доколку сакате да станете дел од една успешна приказна која трае 22 години можете да се стекнете со знаења од повеќе проблематики како и постојана можност за усовршување имајќи потполна поддршка од целиот тим, како од сметководство така и од другите сектори. Морам да напоменам дека кариерата и посветеноста бара и жртви за коишто треба да бидете спремни да ги поднесете доколку сакате да станете успешни во својата кариера. Се надевам дека многумина ќе се пронајдат во мојата порака и ќе се обидат да станат дел од нашиот тим со што ќе придонесат за уште подобра соработка и напредок”.
Елизабета Стамболиева, вработена во сметководство од 2006 е унапредена од продавач во Благајнички службеник во сектор сметководство.
Елизабета по образование е Дипломиран инженер технолог и од 2002 година почнува да работи како продавач во малопродажен објект. Во овие 16 години освен во благајничкото работење се стекна и со дополнително искуство од областа на материјалното и финансово работење и се стекна со лиценца за Сметководител. Елизабета како и останатите вработени во сектор сметководство има присуствувано на разни екстерни и интерни обуки поврзани со тековното работење.
Елизабета има порака до сите оние коишто сакаат да ја продолжат својата професионална кариера и понатамошно усовршување:
“Солета е компанија којашто нуди големи можности за учење, усовршување и напредување. Квалитетните вработени тука се секогаш препознаени и адекватно поддржани од менаџментот. Тука ќе наидете на пријатна атмосфера ,колегијален однос и многу поволни услови за работа.
Затоа, сите што се пронајдовте во мојата приказна аплицирајте и станете дел од нашето семејство.“