Солената вода одамна се користи како природно средство против некои непријатни појави, како што е воспалението на грлото, при кое таа ги одржува дишните патишта влажни.
Доколку имате воспаление на грлото, исплакнете го грлото со следниот препарат: половина лажичка сол помешајте со една шолја топла вода.
За испирање на затнат нос, потопете една четвртина лажичка сол во шолјичка топла вода, измешајте и со помош на шприц или прскалка од капки за нос исплакнете ги двете ноздрви.
Иако многумина користат топла вода од бојлер, подобар избор се дестилираната или зовриената вода.