Да, во Македонија.
Професија за која ви треба страст кон кујната и храната, доза креативност и желба да експериментирате со вкусови, погодувате – ГОТВАЧ. Оваа професија е спој на убавото и корисното и треба постојано да се развива и усовршува. Готвењето може да се претвори во добра забава кога се комбинираат разни јадења.
Посебно треба да го нагласиме задоволството кога ќе се зготви нешто навистина добро. Секоја чест на оние кои решиле своето образование да го насочат кон гастрономијата, кулинарството и угостителството, но за оние кои можеби направиле друг избор, секогаш има шанса да научат за себе, за своето семејство и пријатели, за идната работа.
Зошто е добро да се биде готвач?
ЛЕСНО МОЖЕ ДА НАЈДЕТЕ РАБОТА – И тоа добро платена работа. Постојано имаме отворени позиции за готвачи и работа во кујна, во Македонија и во странство, што значи дека оваа професија ви отвора безброј можности. Со работно искуство или без, со соодветно образование или со било каква диплома, секој кој сака да научи и да работи – МОЖЕ. Готвењето е занает и професија која никогаш нема да изумре, од проста причина, гладни луѓе секогаш има и ќе има, кај нас и секаде во светот.
ЗАСЕКОГАШ ЛИ ЌЕ РАБОТАМ ВО КУЈНА? – НЕ! – Како што кажавме, оваа професија отвара безброј можности. Од помошници во кујна, до готвачи, главни готвачи, менаџери на ресторани, секој кој ја сака работата и се труди може да напредува. Имаме безброј примери кај нас и во светот на успешни луѓе кои од помошници во кујна некогаш, денес отвориле сопствени ресторани, имаат успешна кариера, свој бизнис, свои вработени и одлични примања.
„ГОТВАЧ“ Е ДОБРО ПЛАТЕНА ПРОФЕСИЈА – Кај нас платите за готвачи во просек се движат од 20.000 до 40.000 денари, секако зависно од искуството. Добрата храна не познава граници и јазик, па ако сте добри во својот занает многу лесно може да најдете работа и во странство.
Направивме мало истражување за тоа колку годишно заработуваат главните готвачи во светот:
Велика Британија
£23,000 – £32,500 во просек £27,000 ($36180)
Франција
€45, 000 – €90,000 во просек €63,947 ($74993)
Шпанија
€22,000 – €38,000 во просек €31,400 ($36809)
Нов Зеланд
NZ$38,575 - NZ$61,495 во просек NZ$49,000 ($34341)
Кина
¥240,872 - ¥438,566 во просек ¥347,032 ($54271)
Швајцарија
CHF 58,723 - CHF 137,919 во просек CHF 91,000 ($92493)
Австралија
AU$45,826 - AU$77,816 во просек AU$59,000 ($44757)
Америка
$43,000 - $77,000 во просек $60,000 ($60205)
ЌЕ ЗНАЕТЕ ДА ГОТВИТЕ ЗА СЕБЕ И ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ – Нема поубаво чувство од тоа да зготвите за вас и вашите најблиски, а тие да бидат воодушевени. Во време кога фамилијарните ручеци се скоро па невозможна мисија, а вечерите со пријателите се луксуз, со добри вештини во кујна ќе бидете причина плус што почесто да се соберете на маса со вашите драги лица.
Сакаш работа како ГОТВАЧ, во успешна, реномирана македонска компанија, која нуди одлична плата и услови за работа и каде што вработените секогаш се на прво место?
Индустри Сервис ДОО – Скопје лидер на пазарот во Македонија за организирана исхрана и индустриски кетеринг, вработува 6 ГОТВАЧИ во својата нова Подружница во Скопје.