Дури и да си ја сакате работата, одредени постапки на работодавачот можат да направат да имате мисли од типот "Леле, утре сме понеделник" или "Кој ќе оди на работа?". Работодавач кој се грижи за своите вработени ќе направи тие да се чувствуваат ценето и ќе им даде до знаење дека добро си ја вршат својата работа.
Постојат одредени работи кои еден работодавач треба да ги поседува за истиот да може да се нарече себеси добар шеф.
Комуникативност
Без разлика дали станува збор за мала или голема компанија, комуникацијата е клучна. Работодавецот секогаш треба да ги информира своите вработени за сите новитети, перформанси и цели на компанијата.
Посветеност
Доколку самиот работодавец не е спремен да се посвети и да инвестира во компанијата, зошто тоа би го правеле останатите вработени.
Признавање на успесите
Нема човек кој не сака да му биде дадено до знаење дека добро си ја врши својата работа. Добриот шеф го цени трудот на вработените и знае дека без нив тој никогаш не би стигнал до нивото на кое се наоѓа сега.
Доживување на вработените како партнери
Работодавач кој им покажува на вработените дека сите се дел од истиот тим кој се стреми кон истата цела има многу позитивен исход врз продуктивноста на самиот вработен.