Полицијата постојано ги следи криминалците кои ги крадат и ограбуваат возачите и нивни автомобили , особено како што се појавуваат нови методи во кои крадците и тоа како се уште поуспешни.
Сега полицијата предупредува на нов трик кој крадците го користат за да украдат вредни работи или дури да го украдат и вашето возило. Крадците ставаат празно шише на десното тркало, каде возачот не може да го види, а тогаш чекаат.
Кога ќе го стартуваат возилото и тргнат, возачите слушаат невообичаена бучава и поради тоа што не знаат за што се работи првиот инстинкт им е да излезат од возилото и да погледнат што се случува. Во тој момент крадците започнуваат со реализација на нивниот план.
Додека возачот го прегледува автомобилот, крадецот има пристап до отклученото возило, може да земе вредни работи од него или дури ако возачот ги оставил клучевите може да го украдат целиот автомобил.