Технологијата константно се усовршува, но сепак ќе помине уште многу вода по реките пред самовозечките автомобили во потполност да го заменат факторот човек како возач.
Технологијата вградена во автономните возила константно се усовршува, но сепак ќе помине уште многу вода по реките пред „автомобилите без возачи“ во потполност да го заменат факторот човек како возач.
Една од најсложните задачи поставени пред произведувачите на вакви возила е да ги „научат“ автономните автомобили да имаат еднаква интеракција со околината како и човечкото битие на управувачкото место.
Сопирањето на црвен сигнал на семафор и препознавање на сообраќајни знаци се релативно лесни задачи, но проблемот настанува кога системот треба да ги предвиди намерите на пешакот и останатите учесници во сообраќајот и/или да го „послуша“ полицаецот доколку истиот сигнализира сопирање на возилото.
Компанијата Waymo, која Google ја основаше за потребите на развој и тестирање на технологиите наменети за самовозечки автомобили, работи токму на изнаоѓање на решение за наведените проблеми. Целта е автономните возила прво да препознаат дека се работи за полицаец, а потоа и адекватно да реагираат на неговата команда.
Во јануари месец Waymo самовозечкиот автомобил успешно го поминал тестот интеракција со полицаец.
Од кога на една раскрсница во Феникс, Аризона семафорот се расипал, движењето на возилата го регулирал сообраќаец кој застанал на средината на раскрницата. Прототипот на самовозечкиот Waymo автомобил застанал на знакот на полицаецот за да ги пропушти возилата кои наидуваат од спротивна насока, а потоа повторно на команда на сообраќаецот, тргнал и безбедно минал низ раскрсницата.
Инцидент со Teslа Model S послужил како патоказ кон решението, а колку ова било значајно најдобро сведочи случајот од ноември месец, на автопат во Калифорнија. Како извести „Блумберг“, на патролниот полицаец му било сомнително што еден Tesla Model S се движи со 110км/ч со цело време вклучен десен трепкач, а никаде не свртува.
Полицаецот започнал да го претекнува посоченото возило, кога видел дека возачот е онесвестен и дека лежи наслонет на воланот. Автопилотот бил активиран и возилото се движело во оквирите на сообраќајната лента со брзина на која бил подесен.
Возилата на Teslа немаат опција за автоматско сопирање кога зад нив се наоѓа полициско возило со вклучена ротација, но благодарение на автопилотот можат, но не секогаш, постепено да успорат и сопрат доколку пред нив се движи поспор автомобил.
Затоа сообраќаецот повикал уште едно патролно возило како подршка, па едниот полициски автомобил се движел зад возилото со онесвестениот возач, за да ги предупреди останатите возачи на опасност, додека другото патролно возило го претекнало самовозечкото и постепено го сопирало додека во потполност не застанало.
извор: visokioktani.mk