Што ја прави добрата работа... добра?
Луѓето имаат тенденција да се согласат дека одредени фактори се клучни. Така, на пример, платата и бенефициите се важни независно од тоа каде работите. Сепак, постојат и други фактори коишто добиваат на значење како што ја градите вашата кариера.
Неодамна, Бизнис Инсајдер направи анкета на 1037 луѓе за тоа што на нив им значи “добра работа“. Резултатите ќе ве изненадат.
Некои работи никогаш не се менуваат
Постојат одредени работи кои отсекогаш биле важни кога станува збор за дефинирањето на добра работа. Истите тие, најверојатно, ќе продолжат да бидат исто толку значајни и во наредните години. Фактори како здравствено осигурување (87 проценти), платен одмор (75 проценти) и пензиско осигурување (73 проценти) се суштински за голем број работници.
Сепак, истражувањето покажа дека младите луѓе се попесимистички од постарите работници кога станува збор за можноста еден ден да земат пензија. Кај испитаниците на возраст помеѓу 18 и 29 години е за 19 процентни поени помалку веројатно од просекот да кажат дека пензиското осигурување е суштинска состојка за добра работа. Од друга страна, кај испитаниците постари од 60 години, кои имаат поинаква перспектива за пензијата, е за 13 процентни поени поголема веројатноста во однос на просечниот испитаник, да го дефинираат пензиското осигурување како есенцијално.
Некои фактори не се лесни за дефинирање
Истражувачите откриле дека некои сложени фактори како што е “лично исполнување“ се важни кога се дефинира доброто работно место денес. Но, ваквите елементи несекогаш е лесно да се дефинираат. Сепак, постојат некои реални и мерливи работи што компаниите можат да ги направат за да го зголемат степенот на лично исполнување кај своите вработени.
Друга популарна идеја откриена од ова истражување беше дека добрата работа е работа што овозможува баланс помеѓу животот и работата. Седумдесет и четири проценти од испитаниците изјавиле дека ова е дефинирачки фактор.
Флексибилноста е исто така важна за добрата работа. Повеќе од половина од испитаниците одговорите дека тоа е важно за нив. Сепак, жените, за 13 процентни поени повеќе од мажите, ја вреднуваат флексибилноста како главен фактор.
Фактор кој им е поважен на постарите работници
Некои аспекти на добрата работа, ако може така да се каже, се универзални. Други пак се индивидуални. И, на крај, некои елементи се менуваат со возраста. Ова истражување покажа дека, како што луѓето стареат, тие имаат тенденција да го ценат престижот се помалку и помалку. Во исто време, се повеќе започнуваат да ја ценат културата на компанијата.
Што е тоа што ја дефинира добрата работа според вас?