Неодамнешна студија покажа дека еден од двајца луѓе ја напуштаат својата работа поради лош шеф. Во студијата се вели дека дури 70% од факторите кои придонесуваат за (не)задоволство на работното место се директно поврзани со шефот.
Шефот има големо влијание врз работното искуство на вработениот. Тој помага да се одреди кои проекти ќе се работат и шефот е тој кој може најмногу да ви помогне доколку се соочувате со проблем на работното место.
Некои шефови кога ќе стигнат до посакуваната цел знаат да заборават низ се што поминале за да дојдат до местото каде што се наоѓаат моментално. Ваквите шефови поседуваат комплекс на супериорност и најчесто сакаат јасно да ја прикажат разликата помеѓу раководството и персоналот. Добриот шеф никогаш нема да се постави инфериорно во поглед на своите вработени. Почит кон својот тим е нешто кое не смее да недостасува.
Доколку шефот ги носи сите одлуки самостојно, притоа игнорирајќи ги повратните информации од страна на своите вработени, наскоро вработените ќе почнат да се чувствуваат недоволно ценети. Ова доведува до опаѓање на желбата за продуктивност и ангажман.
Истражувањата покажуваат дека лошиот шеф може да ги зголеми шансите за срцев удар на работникот дури за 60%. Бројките од друго истражување пак покажаа дека 56% од вработените би одбиле зголемување од 10% само за да останат со одличен шеф.
Недостатокот на поддршка и нефер однесувањето од страна на шефот помагаат во одлуката да се напушти моменталното работно место.
Шеф кој создава лоша атмосфера, анксиозност и недоверба е причина број 1 за незадоволство на работното место и отказ од истото.