
Се чувствувам гордо што повеќе од 34% од високиот менаџерски тим се жени. Жените се тие кои ја балансираат логиката и инстинктот. Јас би рекол дека ова е "тајната состојка" за успех на компанијата, вели Ма.
Џек Ма, ко-основачoт и извршен директор на Alibaba Group ја искористи првата Глобална конференција на Алибаба за жените и претприемништвото што се одржа во Хангжу, Кина за да го промовира женското претприемништво и да ја прикаже сопствената родова различност.
Жените сочинуваат скоро 34% од менаџерскиот тим на Алибаба и една третина од основачките партнери. Во компанијата повеќе од 40% од вкупата работна сила се жени.
Се чувствувам гордо што повеќе од 34% од високиот менаџерски тим се жени. Жените се тие кои ја балансираат логиката и инстинктот. Јас би рекол дека ова е "тајниот сос" на компанијата, вели Ма.
Џек меѓу другото образложи и дека е важно неговата компанија да има рамнотежа помеѓу лидерството и идеите како бизнсот би можел најефективно да функционира.
Мажите повеќе размислуваат за себе. Жените се тие кои размислуваат за грижење за своите родители и деца, истакна Ма.