Стив Џобс дефинитивно светот ќе го памети како технолошки гениј и иноватор кој со гигантот Apple и неговите производи засекогаш го смени светот и нашата сегашност.
Но, освен по неговата иноваторска генијалност, за името на Џобс се поврзуваат и некои интригантни и скокотливи детали, нормално, од неговиот приватен живот.
Еден од најинтересните детали е начинот на опуштање на сега покојниот сооснивач на компанијата Епл. Додека повеќето луѓе паузите на работното место ги користат за пиење кафе или јадење , Џобс се ослободувал од стресот на несекојденвен начин.
Според авторизираната биографија на Стив Џобс од авторот Валтер Исаксон, Џобс би одел во тоалет и во водата од тоалетната школка ги ставал своите боси нозе. Во биографијата се наведува и дека не водел многу сметка за хигиена.
На почетокот на кариерата кога работел во компанијата Атари, работел ноќни смени за да не биде во контакт со колегите. Не сакал да го гледаат зашто со денови не се бањал и одел низ канцеларијата бос.