Јасминка годинава прослави 30 години работен стаж во Солета, има 48 години, а дел од тимот е од 1988
година
Ја прашавме за нејзиниот прв работен ден:
„Тоа беше во 1988 година, во многу убав дисконт во населба Железара, со одлични услови за работа и работодавчи кои ме дочекаа со насмевка.“
По 30 години поминати во тимот на Солета, Јасминка ни раскажа како е да се биде дел од компанијата:
„Тимот функционира одлично сите овие 30 години. Тоа е благодарение на системот на организација и работа кој е воспоставен уште од првиот работен ден и беспрекорно фукнкционира. Тоа што ме задржа 30 години во Солета е пред се, коректното однесување на работодавачите, навремено исплаќање на личниот доход, почитување на правата на работниците, годишен одмор, работни саати по државни норми, плаќање на прекувремениот и празничен труд.“
За крај, како вработена со најдолг стаж ја прашавме што има да им каже на оние кои сакаат да аплицираат и да станат дел од Солета?
„Ако го почитуваат работното место, ќе им биде возвратено, а доколку работат коректно сигурно ќе бидат соодветно наградени.“
Мирјана Ангелески има 40 години и има 15 години работен стаж во малопродажба и 3 години е дел од тимот на Солета
„Со насмевка се сеќавам на првиот работен ден тука. Го паметам по тоа што бев топло пречекана од колегите и целиот менаџерски тим. Да се биде дел од тимот на оваа компанија е предизвик и пат по кој чекорат најдобрите трговци во градот. Причината да се задржам во Солета е гарантираната постојаност на тимска работа, разбирање, личен доход и други позитивни карактеристики. Ги охрабрувам сите кои се гледаат во оваа индустрија слободно да аплицираат за работно место во оваа компанија! Сигурна сум дека успешно и трајно ќе го решат својот проблем за основање работен однос во стабилна и успешна компанија како Солета.“
Анета Кокановска има 34 години и веќе 5 години е дел од тимот на СОЛЕТА
Иако по струка е Градежен лаборант, обуката која ја добила од своите колеги уште од првиот ден и помогнала беспрекорно да се снајде во месната индустрија.
Анета Кокановска има 34 години и веќе 5 години е дел од тимот на СОЛЕТА. Иако по струка е Градежен лаборант, обуката која ја добила од своите колеги уште од првиот ден и помогнала беспрекорно да се снајде во месната индустрија.
Ја прашавме како ќе ги објасни нејзините 5 години во СОЛЕТА:
Уште од првиот ден знаев дека го направив вистинскиот избор. Бев многу добро прифатена и добив одлична обука од персоналот кој го затекнав тука во тој момент. Одтогаш наваму функционираме во најдобар ред. Среќна сум што работам во средина во која нема притисок, вистинско задоволство е да се биде дел од тим кој така функционира. Колегијалноста, добра меѓусебна комуникација, пријатна работна атмосфера, навремена редовна исплата се причините кои ме задржаа на оваа работна позиција овие 5 години.
За нејзините потенцијални колеги, кои сакаат да станат дел од СОЛЕТА, Анета вели:
Мојата порака кон оние што би аплицирале за работа во Солета е: „Доколку ви е потребна стабилна работа која ќе ја работите подолг период, во пријатна работна атмосфера, каде што вашиот труд ќе биде вреднуван, повелете во нашиот СОЛЕТА тим, нема да згрешите!“
Елизабета Ангеловска 38 години, економски техничар, 6 години во Солета
Секако дека се сеќавам на првиот работен ден!
Како и секој прв работен ден бев збунета и исплашена како ќе се снајдам на новото работно место, но благодарение на шефицата Гоца се снајдов многу добро и научив се што требаше во врска со работата.
Јас ја сакам оваа работа... Разбирањето и добрата соработка со колешките и претпоставените како и редовноста на плата е она што ме задржа во Солета. Сите кои би се пронашле во оваа професија слободно да повелат и да видат како е да се биде дел од нашиот тим.
Николина Недева 37 години, 2 години во Солета
Ја прашавме за нејзиниот прв работен ден:
Кој го заборава првиот работен ден? Мојот прв ден во Солета го паметам по возбудата што се вработив и по прекрасниот прием на веќе вработените кои им помогнаа да се вклопам во работата. Се додека се тече према очекувањата и правата на вработените е лесно да си дел од една компанија како Солета. Она што ме задржа во тимот пред се добрата организација, редовните примања и коректниот однос кон вработените.
СОЛЕТА е успешна Македонска приказна која во изминатите 20 години со труд и напорна работа успеа да се изгради во препознатлив бренд со асортиман од 70-тина производи чијшто број во континуитет се зголемува, а за тоа е најзаслужен тимот од 110 вработени кој е распространет во секторите за производство, дистрибуција и продажба.
СОЛЕТА има потреба од лицe на следното работно место:
ПРОДАВАЧ/КА
- Нето плата: 14.000 денари
- Доплата за работа на празник
- Регрес за годишен одмор (К-15)
- Неделно работно време: 40 ч.
Сакаш да станеш дел од тимот на Солета? СЛЕДИ ЈА КОМПАНИЈАТА!