Компаниите кои се натпреваруваат за ова престижно глобално признание поминуваат низ еден навистина ригорозен процес на проценка кој вклучува сеопфатен преглед на практиките на работодавачот во повеќе категории
British American Tobacco (BAT), компанија која работи и во Македонија, втора година по ред е прогласена за најдобар глобален работодавач (Global Top Employer). Наградата ја доделува институтот Top Employers – независна организација која се занимава со проучување на условите за работа во најголемите глобални компании.
Сите компании кои учествуваат во конкурсот за ова престижно глобално признание мораат да поминат низ многу ригорозен процес на проценка кој вклучува сеопфатен преглед на сите практики на работодавачот во неколку категории: од едукација и развој на вработените преку деловната култура до платата.
Престижната награда Global Top Employer во 2019 година им припадна само на 14 компании.
Инаку, BAT вработува повеќе од 50.000 луѓе во над 50 земји ширум светот и нуди атрактивни услови за работа на сите пазари каде што работи.