Потребни се само 4 чекори за нејзино совладување
Се поголемите промени на пазарот на трудот, проследени со трендот на автоматизација кој укинува одредени работни места и создава нови, не поттикнуваат да започнеме да размислуваме за вештините кои најмногу ќе се бараат во иднина.
Microsoft, во своите најнови истражувања, ги дефинираше како дигитални вештини, аналитички вештини и способност за постојано учење, објави CNBC.
Особено, задачите за кои се потребни силни аналитички вештини бараат креативен пристап, објаснува Кевин Ву, директор на Microsoft во Сингапур.
Мислам дека постои потреба да учење на вештини кои се опфатени со концептот “design thinking” (иако некои го преведуваат како ‘дизајнерско размислување’, значењето му е многу пошироко), вели Ву во обраќањето кон своите вработени.
Влезете во чевлите на клиентот
Design thinking” е термин за специфични методи за решавање на проблем, кој бара од поединците да се обидат да “влезат во чевлите на клиентот“ или да се идентификуваат со него, со цел да се создаде практично, user-friendly решение.
Ова би можело да значи создавање на нова технологија или производ, како што е iPhone-от на Apple. Но, стратегијата може и треба да биде, исто така, применета во други деловни обласни, вели експертот за “design thinking” за CNBC – Касиа Мијаскиевич.
Можете да го применувате било каде. Се додека постои корисник (потрошувач) – а тој секогаш постои – постои и можност за користење на ваков вид на размислување, рече Мијасиевич, директор на UBS Evolve – центар за дизајнерско размислување и иновации во Swiss Bank.
Говорејќи на неодамнешната конференција за кариера во Сингапур, Мијаскиевич рече дека стратегијата може да се подели на четири клучни чекори.
Што е тоа?
Прво, мора да размислите за проблемот што се обидувате да го решите и да бидете сигурни дека ќе ги поставите вистинските прашања за негово решавање.
Станува збор за поставување на вистинските прашања и решавање на вистинските проблеми, рече таа.
Што ако?
Потоа, треба да ги разгледате потенцијалните решенија кои ја ќе намалат фрустрацијата или “клучните критични точки“ за корисниците. Ова значи внимателно набљудување на клиентите за да се види како може да се подобри нивното искуство.
Начинот на кој го развивате тој дел е вистинско набљудување на вашите клиенти. По тој чекор, ќе се појават многу идеи, истакна таа.
Што восхитува?
Во овој момент, треба да почнеме да добиваме неколку можни идеи. Не е се изводливо, истакна таа, но треба да се обидете да бидете што е можно поотворени за идеи и да избегнете да размислувате за тоа што “не може“.
Ако почнете со ограничувања – време, трошоци и сл. – вашите утрешни идеи ќе изгледаат исто како денес“, рече Мијаскиевич.
Што функционира?
Конечно, вели Мијаскиевич, ефикасното решение ќе биде тоа што задоволува три клучни критериуми: перформанси, економичност и клиент. Со други зборови, идејата која за вашиот бизнис е возможна да се реализира треба да има финансиски смисол и да ги задоволува потребите на клиентот. Потоа, можете да започнете со експериментирање на прототипи и да го измерите нивниот успех пред да го креирате конечниот производ.
Следејќи го овој процес, вие ќе успеете да влезете во чевлите на вашите клиенти и да создадете вистински решенија дури и за најфрустрирачките проблеми“, заклучи Мијаскиевич.