Веќе некое време сте дел од тимот на компанијата, вредни сте, имате добри резултати и сметате дека е време за покачување на платата. Од друга страна пак се прашувате кој е најдобриот и најефективниот начин да побарате зголемување.
Вистината е дека нема ништо лошо во тоа да побарате покачување на платата.
Пред да отидете кај вашиот претпоставен треба да знаете дека одредени пристапи и практики при преговарањето за повисока плата секогаш ќе имаат подобри резултати од некои други.
Треба да знаете кога и како да побарате покачување, кои се вистинските прашања што треба да ги поставите, начинот на кој ќе преговарате со вашиот шеф и како да издвојувате победа и да го добиете посакуваното зголемување.
Никогаш немојте да барате покачување без добро да се подготвите за претстојниот разговор. Однапред спремете неколку причини зошто сметате дека сте заслужиле зголемување на платата. Секогаш гледајте да работите објективно и никогаш немојте да си препишувате заслуги кои не се ваши. Тоа може само да има спротивен ефект.
Одбирањето на правилното време за барање покачување исто така игра голема улога. На овој начин ќе се осигурате дека не го барате невозможното. Истражувањата покажаа дека најдоброто време е после успешно завршување на важен проект или прикажување на одлично сработена обврска.
Откако ќе ги подготвите доказите зошто го заслужувате покачувањето, важно е да размислите што ќе кажете за време на разговорот. Во тие минути потрудете се да бидете самоуверени во тоа што го говорите, бидете прецизни со барањата и јасни со причините зошто заслужувате зголемување.
Тонот на гласот и начинот на кој го водите разговорот секогаш имаат големо влијание. Преку внимателно избраните зборови и невербалната комуникација проектирајте сигурност во тоа што зборите. Овој дел е многу важен и морате да обрнете посебно внимание на него, бидејќи како работдавецот да се чувствува удобно да ви го даде тоа зголемување доколку вие самите не сте сигурни во себе?
Секогаш имајте на ум дека можеби нема да бидете во можност веднаш да ја добиете платата што ја посакувате. Тоа не е причина за да се откажете, туку мотив за да продолжите да работите напорно и да давате се од себе. Бидете сигурни дека ниту еден ваш успех нема да остане незабележан од страна на вашите претпоставени.