
Времето ветровито, врнежливо и студено.
Земјава ќе биде под циклонска активност која ќе донесе значително опаѓање на температурата, со врнежи од дожд и снег.
Ќе дува силен ветер кој ќе достигне брзина и до 90 километри на час. Дневната температура значително ќе се намали, ќе биде за околу 15 степени пониска во однос на претходните денови.
Во среда ќе биде стабилно, а во четврток повторно облачно со дожд и снег.