
Нова тура поскапување на цигарите во Македонија.
Од минатата недела, во продавниците поголемиот број брендови цигари се продаваат за околу 5 денари поскапо. Граѓаните велат дека поскапо плаќаат за брендовите West, Rodeo и Boss. Се уште нема информации за поскапување на други брендови на цигари. Согласно планот за зголемување на акцизите, за неколку години се очекува кутија цигари за чини скоро 300 денари.