Тајм Аут Индекс во соработка со компанијата „Тејпстру Рисрч" спроведе истражување за најдобар град за живеење врз основа на одговорите на 34.000 анонимни жители од целиот свет, на кои им се поставени прашања за задоволството за живот во нивните градови, вклучувајќи ја цената и квалитетот на храната, пијалакот, културниот и ноќниот живот, соседството и чувството на задоволство и среќа.
Во истражувањето била вклучена и глобална мрежа на уредници и туристички експерти, а се оценувале, исто така, и пристапноста, убавината и организацијата на живот.
Лисабон, Португалија – Португалскиот главен град има добра храна и убаво време, а неговите жители се насмеани, отворени и пријателски ориентирани.
Буенос Аирес, Аргентина – Ноќниот живот во овој град е најдобар на светот, што му овозможува да се најде меѓу првите дваесет на оваа листа.
Барселона, Шпанија – Богатството од културна и гастрономска понуда на овој преубав град е она што го издвојува од останатите градови во светот.
Манчестер, Велика Британија – Градот во северниот дел на Англија доби висока оценка благодарејќи на одличниот ноќен живот и исклучителната пица, иако неговите жители пијат алкохол повеќе отколку жителите на другите градови. Поради тоа ја имаат титулата за „најмамурливи" жители на светот.
Лас Вегас, САД – Овој град не е популарен само поради лудите момчешки ноќи и брзите свадби, туку и поради познатите стриптиз клубови, кои го прават еден од најзабавните на светот.
Мадрид, Шпанија – Шпанската престолнина е светски лидер кога се во прашање клубовите, баровите и пиење добро пиво. Неговите жители спаѓаат меѓу најрелаксираните луѓе на светот.
Токио, Јапонија – Многумина го сметаат за најубав град во Азија и повеќето луѓе ширум светот би сакале да го посетат во 2019 година.
Париз, Франција – Според истражувањето, жителите на Париз имаат повеќе секс од кој било друг гард и најмногу посетуваат музеи и галерии.
Берлин, Германија – Импресивни 84 отсто од жителите на Берлин сметаат дека градската сцена е неверојатна, а висока оценка добил и за инклузивност, креативност и прифатливост.
Монтреал, Канада – Разновидноста, динамичноста и креативноста е она што е најдобро во Монтреал, а тој воедно е и град со второ најкратко работно време во светот.
Лондон, Велика Британија – Само шест отсто од граѓаните на Лондон изјавиле дека се чувствуваат небезбедно, а речиси 80 проценти одговориле дека се среќни. Тие нагласиле дека тоа е еден од најдинамичните, најразновидните и најкреативните градови на светот.
Мелбурн, Австралија – Има повеќе простори за жива музика по жител од каде било на друго место. Музичката сцена во Мелбурн е повеќе од успешна: дури 25 отсто од жителите редовно одат на музички концерти. Тие се воедно и втори најсреќни луѓе на светот, а градот е втора најкреативна метропола на светот.
Њујорк, САД – Севкупен победник е Њујорк. Тој е светски град број еден за култура, втор по квалитет на храна и трет по квалитет на пијалаци. Неговите жители спаѓаат меѓу најсреќните на светот.