Доколку ги имате потребните квалификации и ги знаете правите начини како да се истакнете од останатите вработени во фирмата, тогаш вие ја имате пронајдено "формулата" за успех.
Овие 5 работи ќе помогнат вашите претпоставени да видат дека сте вреден работник кој не смеат да си дозволат да го изгубат:
Превземајте нови проекти
Нудењето помош прави да изгледате проактивно и тимски ориентирано. Наместо да чекате да бидете регуритани за дополнителни активности, земете ги работите во ваши раце. Доколку треба да научите нови вештини – ова е правиот начин. Преку постојаното надградување на себеси вие си ја зголемувате вредноста во рамките на компанијата.
Бидете тивки, но влијателни
Работното место секогаш е поделено на две основни групи: гласни и неорганизирани и тивки и влијателни. Луѓето што припаѓаат во втората група се тие кои најчесто се поканети да бидат дел од најважните проекти во компанијата. Овие луѓе ретко учествуваат во групни активности и не дозволуваат бучавата во канцеларијата да го наруши интензитетот на нивната работа.
Помагајте им на колегите
Еден од најмоќните фактори за успех во вашата кариера е способноста и желбата да се помогне на колегите. Излегувањето во пресрет рефлектира самодоверба, тимска работа и заедничко лидерство. Плус, помагањето на вашите колеги ви помага и вам. На овој начин вие можете да научите од оние на кои им помагате.
Избегнувајте драма
Секое работно место има своја динамика и секогаш (ќе) постојат ситуации во кои ќе се наиде на несогласување помеѓу вработените. Трудете се секогаш да останете на страна и не бидете дел од непотребни караници. Доколку имате одредено негативно мислење за некој колега задржете си го за себе. Ваквиот начин на функционирање може само да го зацврсти вашето место во компанијата.
Без изговори
Грешки се случуваат. Кога тоа ќе се случи треба да признаете дека сте погрешиле и да се потрудите да ја исправите грешката во најбрз можен рок. Нешто што никако не треба да направите е да обвинувате други колеги за ваш пропуст.