
Корисниците на Gmail ширум светот долго чекаат на опцијата закажување за испраќање е-маил која на многумина би им олеснила бројни работи, а изгледа дека наскоро ќе можат да уживаат во оваа можност.
Најновата надградба на Gmail за уредите на Андроид ќе ја вклучи и опцијата закажување за испраќање на е-маил. Така, на пример ќе можете да го одложите испраќањето за десет минути или десет дена.
Покрај оваа опција, на корисниците ќе им биде овозможено и да го откажат испраќањето на закажаниот меил. Покрај тоа, закажаните мејлови ќе бидат испратени и кога ќе бидете исклучени или доколку ви се испразни батеријата на мобилниот телефон.

Ова не е првпат да се зборува за оваа можност на Gmail. Во средината на изминатата година се појавија гласини дека Gmail би можел да ја спроведе таа опција, а сега е поблиска од кога и да било.
Постои можност, пишуваат странските медиуми, дека Gmail ќе покрене нова ооција за својот 15 роденден кој е следниот месец.