Не постои ниту еден човек на светов што не би сакал да биде награден за добро завршената работа. Бонусите се крајно мотивирачки за самиот вработен и вид доказ и потврда дека добро си ја вршите работата. Но, што кога не дошло до ситуација да добиете бонус до сега? Дали да го побарате сами? Дали да чекате до следниот проект?
Најдобро ќе биде да ги следите овие три работи и да си ги зголемите шансите да го добиете тој дологоочекуван бонус:
Не бидете негативни
Нема ништо полошо од негативност на работното место. Негативното однесување може да ви ја исцрпи продуктивноста и да ја намали мотивацијата. Позитивниот став помага на многу начини. Позитивните луѓе ги охрабруваат другите да го следат нивниот пример, а добриот менаџер ќе превземе чекори за да ги задржи ентузијастички и оптимистички настроените лица со, на пример, заслужен бонус.
Пријавете се за дополнителни обврски
Вработените кои доброволно се обврзуваат да превземат дополнителни обврски се вредни за секоја компанија. Со подигнување на раката за да направите повеќе вие ја отварате можноста да добиете дополнителна обука која ќе ви помогне при извршување на тие задачи. Ова не само што ќе биде добро за вашиот професионален развој, туку ви ја дава можноста да заблескате како тимски играч. Ваквото однесување не може да не биде незабележано од страна на вашиот шеф.
Прашајте директно
Доколку се чувствувате храбро, тогаш отидете еден чекор понапред и не се плашете да прашате директно. Доколку го направите тој разговор, тоа значи дека вие сте подготвени да се залагате за себе, а тоа секако вас ќе ви оди во прилог. Но, пред да го направите овој чекор треба добро да се спремите. Дојдете подготвени со конкретни примери и јасно и самоуверено истакнете зошто го заслужувате тој бонус.