Доколку сакате одлично да поминете на интервјуто за работа и да станете дел од врвни компании, треба да знаете дека како и секаде така и во овој процес на селекција има одредени правила.
Овие реченици несомнено ќе ве направат најдобриот избор и ќе ви обезбедат место во тимот.
"Го прочитав описот на работата и..."
Клучно е да покажете дека сте направиле истражување пред интервјуто. Зошто? Многу од работобарателите доаѓаат на интервјуа без притоа да имаат никакви предзнаења за компанијата за која аплицирале. Тоа е секако голем минус и веднаш од старт проектирате недоволна "загреаност" за позицијата.
Доколку покажете дека ја разбирате работата, нејзините обврски и компанијата тоа значи дека сте сериозно заинтересирани за конкретното работно место.
"Имам прашање..."
Поставувањето прашања е од исклучително значење. Зошто? Ова им покажува на работодавачите дека внимавате за тоа каде аплицирате и дека не сте тука само за краток временски период. Со ова давате до знаење дека сте сериозна и амбициозна личност.
Затоа, во текот на интервјуто пробајте да поставите барем 2-3 прашања. Прашајте за компанијата, персоналот и што е најважно – самата работа.
"Позицијата звучи интересно"
Ова е една од најважните работи што можете да ги кажете на едно интервју. Зошто? Работодавачите се грижат за овој момент, бидејќи доколку не ви се допаѓа работата вие имате големи шанси да заминете или да вложувате помал напор и енергија при извршувањето на работните обврски.
Вие не треба само да покажете дека можете да ги завршите вашите обврски, туку и дека станува збор за работа која навистина сакате да ја работите.
Знаете ли колку заработуваат другите за позицијата за која аплицирате? Кликнете и дознајте!