35% од вработените барем еднаш задоцниле на работа а 65% никогаш не дошле подоцна на своето работно место.
Ова го покажаа резултатите од анкетата на vrabotuvanje.com во која учествуваат над 1000 испитаници.
Честото доцнење на работа велат е одлика на неодговорните и оние кои и не се многу заинтересирани за својата работа...Н а оние пак кои тоа им се случува инцидентно најчесто е заради гужва во сообраќај, ретко успивање, проблеми со кола ретко инцидентни ситуации со децата. Неколкупати во годината доцнат 15 % од испитаниците и тоа токму од наведените причини.
Дека никогаш не задоцниле на работа пак се изјасниле точно 65% .Велат дека се одговорни дисциплинирани и ги почитуваат условите за работа.
Еднаш месечно доцнат само 5 % А високи 9% проценти се изјасниле дека доцнат повеќепати во неделата.
Анкетното прашање кое vrabotuvanje.com го подгови за вас оваа недела гласи:
Со кого најчесто влегувате во конфликт на работното место?
Го очекуваме Вашиот одговор НА ЛИНКОТ.