Четири сигурни показатели кои ќе ве убедат дека е време да барате нова работа.
Менувањето на работата не е воопшто лесна одлука, но да се посвети внимание и да се работи нешто кое нема да ве одведе никаде може да има трајни негативни последици врз вашата кариера.
Од сите одлуки во нашата глава, одлучувањето дали е време да дадете отказ е една од најтешките, вели Сузи Велч, новинар и експерт за кариера.
За CNBC, таа наведе четири сигурни знаци дека е време да барате ново работно место.
Недостаток на возбуда
Ако чувствувате дека ви е сеедно за производите и услугите кои ги нуди компанијата, тоа е јасен знак дека е време да се откажете.
Нема напредок
Ако сте сигурни дека нема напредок во вашата компанија, тоа е јасен знак дека е време да продолжите понатаму. Може да бидете во некоја компанија, на пример, каде што има некој над вас кој никогаш нема да ја напушти организацијата. Тоа може да биде син или ќерка на сопственикот на компанијата или негова “супер ѕвезда“. Не е важно, дајте отказ и продолжете.
Вградена репутација
Во некои компании ако сте започнале да работите како асистент, вие засекогаш ќе бидете гледани како асистент. Затоа, кога ќе сфатите дека сте дел од една таква организација, време е да си барате нова работа.
Сакате да започнете со сопствен бизнис
Ако постојано размислувате или имате идеја да започнете сопствен бизнис, тогаш не постои подобра причина за да ја напуштите компанијата во која работите. Но, пред да се впуштите во овој потфат, бидете сигурни дека сте спремни за да бидете претприемач. Бидете сигурни дека желбата да се биде сам свој шеф нема да помине без добра бизнис идеја.