Голем број истражувања покажуваат дека без оглед на својата позиција или титула, вработените кои доброволно заминуваат од својата компанија, генерално тоа го прават поради односот со раководството.
Многу лидери често не сфаќаат каде грешат, а магазинот Форбс наведува неколку грешки кои тие ги прават, а поради тоа вработените преминуваат во други компании:
Не им овозможуваат на своите вработени да ги искажат своите страсти
Успешните компании успеваат да ги поврзат страстите на вработените со интересите на компанијата. Ако лидерот не успее да го направи тоа, неговите вработени ќе почнат да се бараат себеси во друга компанија.
Не успеваат да го предизвикаат интелектот на вработените
Паметните луѓе не сакаат да живеат во досаден свет. Ако лидерот не ги предизвика да размислуваат, тие ќе заминат на некое друго место.
Не ја ангажираат нивната креативност
Вистинските таленти секогаш се стремат кон подобрување и ги сакаат промените и иновациите. Мудрите лидери никогаш “не ги ставаат вработените во кутија“, туку баш напротив, тие ги ослободуваат од неа.
Не успеваат да ги развијат нивните вештини
Менаџирањето не е дестинација, туку континуитет. Без оглед на тоа колку еден вработен изгледа дека нема талент, секогаш постои простор каде што тој може да се развива и да учи. Ако го ограничите тој простор, тој ќе отиде на некое друго место каде што ќе го има.
Не го слушаат гласот на вработените
Талентираните професионалци имаат добри идеи, мисли и размислувања. Ако лидерот не сака да ги ислуша, тие ќе најдат некој друг лидер кој ќе сака да го прави тоа.
Не се грижат за своите вработени
Да, луѓето првично доаѓаат на работа поради плата, но тое не е единствената причина. Всушност, голем број истражувања покажуваат дека тоа не е најважниот фактор. Ако лидерот не води грижа за своите вработени, тие ќе го напуштат без оглед на платата.
Совет: Лидерите треба да трошат помалку време обидувајќи се да ги задаржат вработените, а повеќе на тоа да се обидат да ги разберат, да се грижат за нив, да вложуваат и да ги водат во вистинскиот правец.