Да се добие унапредување не било никогаш лесна работа. Потребни се месеци, а понекогаш и години, за тоа да се случи.
Авторката и бизнис новинарка Сузи Велч за CNBC вели дека постојат две работи што можете да ги направите за да го забрзате процесот на вашето искачување на следното ниво.
Според неа, постојат два важни чекори кои можат да ви помогнат да направите скок во компанијата.
1. Секогаш прави повеќе отколку што се очекува од тебе
Ако сакате да бидете унапредени, мора да бидете сигурни дека секогаш ќе направите повеќе од тоа што е зададено и очекувано.
За да напредувате, не е доволно да го направите само тоа што се бара од вас. Тоа е само вообичаена испорака. Од друга страна, пак, за да бидете унапредени, на секоја задача мора да гледате како можност да го проширите влијанието на вашиот тим или да го подобрите разбирањето на работите, објаснува Велч.
На пример, ако вашиот претпоставен побара од вас “да го анализирате конкурентот X, вие треба да направите анализа за целата индустрија (во која се наоѓа X).
Но, како што се стремите да постигнете повеќе, мора да бидете сигурни дека го правите тоа со намера да му помогнете на целиот тим, а не само себеси.
2. Не го злоупотребувај кредибилитетот на твојот претпоставен
Втора работа, мора да бидете свесни за тоа како вашите акции влијаат на вашиот претпоставен и неговиот кредибилитет.
Вашиот претпоставен има кредибилитет во компанијата. Секој пат кога не работите добро со другите и вашиот претпоставен мора да се извини за вас или да го објасни вашето однесување, вие го исцрпувате, вели таа.
Дури и ако сте ѕвезда во компанијата и имате претпоставен кој сака да ве заштити, со тек на време станувате товар, а товарот се движи бавно и не напредува.
Што е клучот за напредок?
Постојат стотици книги напишани на оваа тема,а кариерниот пат на секој професионалец е различен. Меѓутоа, бидете сигурни дека натпросечната испорака и чувањето на кредибилитетот ќе ви помогнат да бидете незапирливи во вашиот професионален развој.
Сакате да знаете дали е време за унапредување? Дознајте колку заработуваат другите за вашата работа и добијте бесплатна анализа за вашата плата.